Synapse Digital Agency is looking for

FREELANCE UI/UX DESIGNER

ДУОПАК ДООЕЛ Скопје

Комерцијалист

Потребни квалификации:

  • ССС или ВСС
  • Пожелно е познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office програмите и интернет
  • Возачка дозвола Б – категорија / активен возач (минимум 2 години)
  • Постојано место на живеење во Скопје
  • Работно искуство на иста позиција

Опис на работата:

  • Наоѓање нови клиенти и градење долгорочни односи
  • Менаџирање на продажниот процес (понуда, преговори, контрола на достава на производи и нивна наплата)
  • Познавање и постојано следење на каталогот и техничките карактеристики на производите
  • Следење на работата на конкурентните компании во однос на ценовната политика и понуда на конкурентни производи
  • Изготвување извештаи и нивно навремено доставување

Потребни вештини и способности:

  • Динамична личност, насочена кон остварување на резултати
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Преземање на иницијатива, одговорна и вредна личност
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа
  • Професионално однесување
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови

Работни услови:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување на неопределен временски период
  • Дневно работно време од 08.00 – 16.00 часот, од понеделник до петок
  • Почетната нето плата за оваа позиција изнесува 26.000,00 денари + месечен бонус во зависност од работната успешност.

 

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате горенаведените услови испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “Оглас за вработување – комерцијалист” најдоцна до 09.02.2024 година.

НАПОМЕНА: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Дуопак ДООЕЛ Скопје, компанија специјализирана за увоз и дистрибуција на амбалажа за
еднократна употреба.

Премиум
Важи до 9 февруари 2024
Jobs

FREE
VIEW